Септември (град)
Септември Септември | |
---|---|
град | |
Зградата на општината во Септември | |
Местоположба на Септември во Бугарија | |
Координати: 42°12′59″N 24°07′30″E / 42.216437° СГШ; 24.125011° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџик |
Општина | Септември |
Управа | |
• Градоначалник | Васка Рачева (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 22,45 км2 (8,67 ми2) |
Надм. вис. | 239 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8,167 |
• Густина | 360/км2 (940/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4490 |
Повик. бр. | +359 03561 |
Мреж. место | septemvri.bg |
Септември (бугарски: Септември) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Септември во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 8.167 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во најзападниот дел на Горнотракиската Низина, во близина на реката Марица. Има поволна транспортна и географска положба, бидејќи се наоѓа на раскрсница. Септември е оддалечен на 21 километри од регионалниот центар Пазарџик, и 100 километри од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата настанала кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, со населувањето во регионот на Татарите од Бејликот Сарихан. Тие потекнуваат од рагионот на денешниот вилает Маниса во Анадолија и после преселуването овде основале ново село по име Сариханбеј. Според Стефан Захариев, војсководецот Сарихан-беј ја ценел поволната позиција на крстопат и основал село кое подоцна го добило неговото име. Старото село било оддалечено 4,5 часа од Пазарџик. Со текот на времето, името беше сменето во Саранбеј. Во 1870 година, Стефан Захариев го опишал Саранбеј како мешано бугарско-турско село со претежно бугарско население. Во пресрет на ослободувањето, населбата имала околу 200 куќи.
Со поставувањето на железничката линија Цариград - Белово во 1873 година, во близина на селото Саранбеј била отворена истоимената железничка станица Саранбеј, околу која настанала стационарна населба. Во 1934 година старото село и новата стационарна населба биле обединети и преименувани во Сарањово. Во спомен на бунтовниците кои загинале во Септемвриското востание, во 1949 година комунистичките власти ги преименувале селото и станицата во Септември. Во 1956 година се споиле селото Септември и населбата Гара Септември.[2] Поради својата крстосница, зголеменото население и како центар на стопанскиот и културниот живот, со Указ бр. 546 на Президиумот на Народното собрание на НРБ од 7 септември 1964 година, Септември добил со статус на град.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ проф. Иван Батаклиев, „Пазарджик и пазарджишко, 1969 г.
- ↑ Урбанизационният процес в България през периода от края на Втората световна война до наши дни, География, 3/2009.